Започна поставувањето на метални столбови за монтирање на заштитната еластична ограда. Овој проект е во соработка со ЈПДП, односно оградата која е со вкупна должина од 6.000метри е обезбедена како донација од нив, а Општина Кавадарци има обврска истата да ја монтира. Во прва фаза се започнува со локалниот пат од село Бегниште кон село Ресава на 14 локации со вкупна должина од околу 280 м, се со цел зголемена безбедност во сообраќајот, а во втора фаза ќе се поставува еластична ограда на локалните патишта кон селата Сопот, Дреново, Дабниште, Фариш, Шивец, Бохула, Страгово, Чемерско, Рожден,Бојанчиште, Крњево, Бошава. Изведувач на работите е фирмата „Кединг„ од Скопје. ЈП „Комуналец“ Кавадарци е задолжена во делот на кастрење и косење.