Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=8178
    [QUERY_STRING] => id=8178
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 65446
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 18.217.10.200
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732495868.9285
    [REQUEST_TIME] => 1732495868
)
НЕКОГАШ И СЕГА- ЗА РИСТО СОКОЛОВ СОКОЛ


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Во понеделник, на 16 октомври, почитувани пријатели и љубители на уметноста, од 20 часот ќе биде отворена постхумно изложба на Ристо Соколов Сокол, во култниот МКЦ - Скопје!-Ристо Соколов Сокол е дете на Кавадарци, роден во Дреново на 16 април 1957, на Ден Велигден.

И што вели неговата биографија: Ристо Соколо Сокол е дипломиран графичар со графички дизајнРоден е во с. Дреново, Кавадарци на 16 април 1957 година. Основно училиште завршил во ОУ “Димката Ангелов - Габерот“ Кавадарци. Училиште за применета уметност отсек графика завршил 1978 година во Скопје. Факултет за ликовна уметност, на отсекот графика кај проф. Димитар Малиданов и графички дизајн кај проф. Костадин Танчев Динка дипломирал во 1988 година, како студент на генерацијата во отсек графика.Во својата 40 годишна ликовна активност има реализирано над 20 самостојни изложби во Македонија и странство. Отворањата на неговите изложби во Кавадарци ќе останат запаметени како најпосетени воопшто во градот.Учествувал на над сто групни изложби во Македонија и странство, како и на над 50 Меѓународни ликовни колонии низ Македонија и Европа. Организатор е на над 20 ликовни колонии во Македонија и Бугарија, како и ликовен координатор на над 20 Меѓународни ликовни колонии.Останати поважни проекти:- 2001-2008 Ликовен координатор на манифетацијата “Тиквешки гроздобер“ Кавадарци- 2006 самостоен ликовен перформанс “12 Младинци“ Моклиште, Кавадарци- 2005 Самостоен ликовно-сценски перформанс “Арт Перформанс, Дом на култура Кавадарци- Автор е на повеќе сценографии и плакати за претстави на Театарот при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци- Автор е на повеќе сценографии за концерти на Балетското студио “Венус“ Кавадарци- Автор е на сценографии за повеќе сценско – музички спектакли на Градски плоштад Кавадарци- 2008 и 2013 Автор на сценографија за фестивал на детски песни “Гроздоберче„ Кавадарци- 2002 “Рок – Арт Хепенинг“ авторски мултимедијален проект на Ристо Соколов Сокол и Владимир Темков- 1974-1984 Учесник на ликовните интервенции на професорите Симон Шемов и Кочо Фидановски- Учесник на повеќе перформанси и ликовни интервенции во урбан простор во Кавадарци, Скопје, Штип, Белград (Србија) и др.- Интензивно се занимава со цртеж, сликарство, графички дизајн, скулптура, сценографи и илустрации на книгиПоважни награди и признанија:- 1985 прва награда за графика на XVIII Ликовна колонија на студенти на ФЛУ од СФРЈ- 1987 награда на ФЛУ Скопје за најдобар студент на генерацијата- 2000 прва награда за идејно решение за знаме на општина Кавадарци- 2004 прва награда за лого на манифестацијата “Тиквешки гроздобер“ Кавадарци- добитник е на повеќе откупни награди за идејни решенија од областа на графичкиот дизајн- 2013 Добитник на највисокото општинско признание на Кавадарци од областа на културата и уметноста, наградата “7 Септември“Останато:- Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1990 година- Еден е од основачите на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК) во 1974 година- Беше Претседател на ДЛУК од 2007 до 2014 година- Во одредени, пократки и подолги периоди од животот, престојува и твори во Белград (Србија), Њујорк (САД), Париз (Франција), Берлин (Германија), повеќе градови на приморјето во Хрватска, Петрич и Мелник (Бугарија), Скопје и др.- Поголемиот дел од животот живееше и работеше во Кавадарци- Самостоен ликовен уметник од 2009 година- Почина на 14 февруари 2015 во Кавадарци.И за изложбата: “Некогаш и денес“Циклусот ликовни дела на Ристо Соколов Сокол “Некогаш и денес“ е целосно осмислен, реализиран и изложбено прикажан во неговото отворено ателје Уметничкото студио “Сокол Арт“ во Кавадарци. Изложбата се случи токму во “Сокол Арт“, а е отворена премиерно на 8 септември 2011 година, на Денот на независноста на Македонија, пред бројни посетители, колеги, пријатели, соработници кои го наполнија “Сокол Арт“ и просторот пред студиото, радувајќи се со него на неговите нови дела, особено што беа оригинални и, од денешна точка на гледање, се уметничкиот тестамент на Ристо Соколов Сокол. Циклусот содржи 30 дела, работени со природен материјал, во комбинирана техника и се иновативни и оригинални во техничка и материјална смисла, создавајќи ликовна уметност на начин како тоа го правеле старите мајстори, надоградувајќи го сето со сопствен оригинален и имагинативен набој, редок на македонската ликовна сцена. Своевидна тивка уметничка револуција невидена на овие простори. Делата немаат наслови, a додека беше жив Ристо за секое дело имаше по една приказна и беше сериозен кога велеше “Додека се живи моите дела, жив сум и јас“, што се покажа како точно и еве денес ние сме сведоци дека Ристо и покрај тоа што од 2015 не е физички со нас и тоа како е жив преку неговата уметничка оставнина. Како ретко кој на модерната македонска уметничка сцена.Се глеаме у понеделник у Скопје!!!„ напиша Марјан Тодоровски , неговиоот голем другар и пријател,на својот профил ,и во најавата на ова изложба за големиот уменик кој не е со нас но остави доволкно да се сеќаваме на негоп.