Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=8183
    [QUERY_STRING] => id=8183
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 41292
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 18.224.70.11
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732485010.6431
    [REQUEST_TIME] => 1732485010
)
“Некогаш и денес“ /Ристо Соколов Сокол- во МКЦ , Скопје


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Циклусот ликовни дела на Ристо Соколов Сокол “Некогаш и денес“ е целосно осмислен, реализиран и изложбено прикажан во неговото отворено ателје Уметничкото студио “Сокол Арт“ во Кавадарци. Изложбата се случи токму во “Сокол Арт“, а е отворена премиерно на 8 септември 2011 година, на Денот на независноста на Македонија, пред бројни посетители, колеги, пријатели, соработници кои го наполнија “Сокол Арт“ и просторот пред студиото, радувајќи се со него на неговите нови дела, особено што беа оригинални и, од денешна точка на гледање, се уметничкиот тестамент на Ристо Соколов Сокол.

Циклусот содржи 30 дела, работени со природен материјал, во комбинирана техника и се иновативни и оригинални во техничка и материјална смисла, создавајќи ликовна уметност на начин како тоа го правеле старите мајстори, надоградувајќи го сето со сопствен оригинален и имагинативен набој, редок на македонската ликовна сцена. Своевидна тивка уметничка револуција невидена на овие простори. Делата немаат наслови, a додека беше жив Ристо за секое дело имаше по една приказна и беше сериозен кога велеше “Додека се живи моите дела, жив сум и јас“, што се покажа како точно и еве денес ние сме сведоци дека Ристо и покрај тоа што од 2015 не е физички со нас и тоа како е жив преку неговата уметничка оставнина. Како ретко кој на модерната македонска уметничка сцена.

Благодарејќи на МКЦ Скопје, “Некогаш и денес“ е достапна и за љубителите на уметноста во Скопје. Низ минатите години изложбата е поставена и исклучително посетена, освен во Кавадарци, меѓу другото и во Велес, Неготино, Демир Капија и други места. И благодарејќи пред се на семејството на Ристо кое е носител на овие дела, но и на неформалната група уметници “Сокол Арт“, “Некогаш и денес“ уште долго и допрва ќе патува низ Македонија и подалеку, надминувајќи ги животните прилики и години на неговите современици, а се во интерес и чест на врвната ликовна уметност.

Се родил на Велигден, замина на Свети Трифун.

Ристо Соколов Сокол. Некој многу умен некогаш рекол дека големите луѓе си ги бираат датумите кога доаѓаат и заминуваат. Така и нашиот Рики, еден од најголемите - го направи истото. Се родил на Велигден, замина на Свети Трифун. Си го одбра дури и МКЦ во еден од последните разговори со него, како една лична желба неговата уметност да биде меѓу младите, ако некогаш неговата уметност стигне повторно во Скопје. Оти, како што Младинскиот Културен Центар е еден и единствен, така и Рики беше еден и единствен. И како човек и како уметник.

Биографија

Биографијата на Ристо Соколов Сокол вели дека е роден на 16 април 1957 во село Дреново, кавадаречко, тоа е село кое Ристо во 2010 го претвори во отворена галерија, со неговата манифестација “Дреново празнува“ на Голема Богородица, со неговите пријатели и соработници. Каде всушност и почна неговата идеја и начин на работа за оваа изложба. Со неговите ликовни иновации кои на крајот од неговото битисување доживеаја врв во неговото творештво, онака како што самиот знаеше да рече “Од кал да е Ристо да е“, враќајќи се на прапочетоците, уживајќи во неговиот човечки занес, знаејќи како и зошто.

Њујорк, Париз,Белград...

Годините пред тоа ги искористи да го запознае светот, да ги види уметноста и покривите на Њујорк, Париз, Берлин,Софија, Белград,Петрич, Мелник, Кавадарци, Скопје, сите села во Тиквешијата и повеќето низ Македонија, да направи бројни изложби, да направи неверојатни перформанси и уште еднаш – неверојатни перформанси, за кои сеуште се раскажува, та во живо да ја презентира неговата уметност, оти “Уметноста беше негов живот, а животот му беше уметност“. Овде можеме да спомнеме дека заедно со неговиот Дејан Астрато, во култниот кавадаречки ресторан “Астрато“ во 2009 и 2010 ги направија најголемите воопшто оддржани во Кавадарци уметнички фестивали, реткост и во регионот, осумдневните “Денови на виното, уметноста и културата“ каде тој ги спои сите уметности, од рок, џез и староградски концерти, преку уметничката фотографија, поезијата и секако ликовната уметност каде на лице место твореа млади уметници истовремено со мајсторите на ликовната уметност од Кавадарци. Што само зборува за тоа што се можеше и што направи Ристо Соколов Сокол како уметник и човек. Ова е само дел од велелепните приказни за Ристо Соколов Сокол, чиј извонредно исполнет живот никој од нас нема да го изживее, макар живеел три пати повеќе од него. Оти, уште еднаш, Рики беше еден и единствен. Ма што да ви кажувам, повеќето од вас тоа го знаат и тоа како.

Оние кои го знаат, се сведоци на неговиот експресивен живот, кој патем го преточи во врвни ликовни дела, па се и сведоци дека Рики не беше било кој или како што би рекле неговите пријатели, соработници, другари и соборци – Рики беше еден од врвовите на нашиот живот, се после него е само сеќавање. Нескромно нели? Ама ете, неговиот живот беше составен од љубов, се друго е споредно...

Уметничко студио „Сокол АРТ“

За изложбата, за делата кои се пред вас, имате повеќе информации во каталогот, меѓу другото и дека Циклусот ликовни дела на Ристо Соколов Сокол “Некогаш и денес“ е целосно осмислен, реализиран и изложбено прикажан во неговото отворено ателје Уметничкото студио “Сокол Арт“ во Кавадарци. Изложбата се случи токму во “Сокол Арт“, а е отворена премиерно на 8 септември 2011 година, на Денот на независноста на Македонија, пред бројни посетители, колеги, пријатели, соработници кои го наполнија “Сокол Арт“ и просторот пред студиото, радувајќи се со него на неговите нови дела, особено што беа оригинални и, од денешна точка на гледање, се уметничкиот тестамент на Ристо Соколов Сокол. Циклусот содржи 30 дела, работени со природен материјал, во комбинирана техника и се иновативни и оригинални во техничка и материјална смисла, создавајќи ликовна уметност на начин како тоа го правеле старите мајстори, надоградувајќи го сето со сопствен оригинален и имагинативен набој, редок на македонската ликовна сцена. Своевидна тивка уметничка револуција невидена на овие простори. Делата немаат наслови, a додека беше жив Ристо за секое дело имаше по една приказна и беше сериозен кога велеше “Додека се живи моите дела, жив сум и јас“, што се покажа како точно и еве денес ние сме сведоци дека Ристо и покрај тоа што од 2015 не е физички со нас и тоа како е жив преку неговата уметничка оставнина. Како ретко кој на модерната македонска уметничка сцена.

Ама еве и анегдота, оти делата се создадени во неговото Уметничко студио “Сокол Арт“ во Кавадарци, како што неговите соработници и соборци знаат да кажат – единствената слободна уметничка територија во историјата на Кавадарци. Оти “Сокол Арт“ беше не само негово студио, туку и негово отворено ателје каде се утепавме од правење изложби, камерни концерти, промоции и дружби.

Бањање

Во студиото “Сокол Арт“ имаше комплетен тоалет, со туш и се друго. Еден момент го начекавме Рики како ги бања, ама буквално ги бања делата од овој циклус кој сега е пред вас. Зошто? За да се чисти, за да траат и што би се рекло да се чудат “будалите“, оти нели, уметноста е совршенство кое трае, мајсторите си го знаат занаетот, Рики знаеше како, а во ист момент може да се разурне и да заборавиме на неа. За уметноста зборуваме, нели? Додека Рики “бањаше“ две дела, настанати се сите останати, оти нели велелепноста на уметноста е да трае. И во тој момент освен делата, “избањати“ се и Марјан Тодоровски и Билјана Соколова и мојата маленкост Александар Малинков. Ама ете, тука се трагите од нас како негови блиски, ете ги отисоците на рацете, ете ги отисоците на нозете, настанати токму во моменти на “бањање“. Рики имаше исклучителни ликовни циклуси, овде само ќе ги спомнеме Експресиите, Охрид, Траги и секако – “Некогаш и денес“ кој е пред вас.

Нека трае, нека има уметност и култура, нека биде и следните пеесет години тоа што е – МКЦ. Фала му на поддршката на Горјан Ѓорѓиев без чие рабирање и напори и немаше да има изложба. И сега, што друго, освен дека неколку приказни раскажани во каталогот за оваа изложба, каде се спомнати само мал дел од неговите вонсериски соработници, се како најава за неговата монографија каде ќе бидат спомнати и неговите навидум поскромни, но не помалку вредни и одлични соработници и пријатели, но и со свои приказни и сеќавања од неговите најблиски соработници, да ви посакаме на сите вас добро здравје и благодарност, со една поетска творба, од неговиот блузер Марјан Т., долги години своевиден личен диџеј, автор на поетската книга“Нашиот блуз“ настаната за време на подготовката на неговата вооопшто последна изложба “Ретро Моменти“, а кој милува да каже дека “виртуелно“ живее на Булевар “Џон Ленон“ 3 во Кавадарци. И тоа сериозно го мисли, а е поет, блогер и доживотен културтрегер, а поетската творба, песната се вика “Мојот трезен дијалог со Рики“.

Марјан Тодоровски-долгогодишен пријател, соработник, соборец и познавач на животот и уметноста на Ристо Соколов - Сокол.

387783326_10210999342657422_5071808815917515909_n 387868381_10211004782993427_6170464452974071318_n 391685847_712900677547319_1997874370294086556_n 393918614_10232928459621792_7321052856733621584_n 393985087_10211018731942142_8534692556110021676_n