Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=8217
    [QUERY_STRING] => id=8217
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 17061
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.21.12.88
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732494611.8059
    [REQUEST_TIME] => 1732494611
)
Филипче: Ќе ја укинеме партиципацијата на Медицинскиот, Стоматолошкиот и Фармацевтскиот факултет


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Ќе отвориме нови можности за нашите амбициозни медицински умови. Наша клучна цел е да осигураме дека нашиот здравствен систем е зајакнат со експертиза и посветеност“. Ова го рече, кандидатот за пратеник во Изборна единица 4 Венко Филипче на денешното претставување на „Програмата за европска иднина“ на СДСМ и коалицијата.

Во присуство на своите сопартијци и симпатизери, поранешниот министер за здравство како носител во „Четворката“ рече дека е подготвен план и програма за целосна трансформација на здравствениот систем, меѓу другото, и за подобрување на условите за студентите.

„Во следните четири години ќе ги удвојуваме квотите за упис на факултетите и ќе ја укинеме партиципацијата за студирање на Медицинскиот, Стоматолошкиот и Фармацевтскиот факултет. Ја решаваме критичната побарувачка за здравствени работници и инвестираме во иднината на македонската медицина“, рече Филипче во обраќањето.

Тој спомена и дека развојот на новиот Медицински факултет во Битола е доказ за посветеноста на образованието и иновациите во здравството.

„Симболизира нова ера на медицинска едукација во земјава. Ќе го подигнеме на врвно ниво со цел продуцирање на квалитетни кадри кои ќе бидат иднината на нашето здравство“, истакна Филипче.

Со цел вистинско зајакнување на здравствениот систем и превенирање на одливот на кадар, тој рече дека ја препознава критичната потреба од специјализирани медицински професионалци во нашата земја.

„Во овој мандат распишавме над 1000 специјализации и субспецијализации, а во следниот ќе распишеме уште 1000“, потенцираше Филипче при претставувањето на Програмата.