Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=83
    [QUERY_STRING] => id=83
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 40475
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 18.219.25.226
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732487434.2487
    [REQUEST_TIME] => 1732487434
)
ДОНАЦИЈА ЗА ПАРАЛЕЛКАТА ЗА УЧЕНИЦИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Македонската дијаспора од Велика Британија донираше финансиски средства за учениците со посебни образовни потреби во основното општинско училиште "Страшо Пинџур" од Кавадарци, како и за други деца со посебни потреби.

Како што информира директорката на "Страшо Пинџур" Васка Јовановска, во ова училиште долги години се прифаќаат и образуваат и деца со посебни образовни потреби, од кои голем процент се вклучени и во редовна настава бидејќи постои инклузивен тим кој работи со нив дополнително. -Хуманоста и добрите дела се највисоките човекови вредности. Тоа го покажа на дело нашата македонска дијаспора од Англија со финансиска донација за нашите ученици со посебни образовни потреби. Од Македонците, за Македонците, вели Јовановска. Таа јавно упати голема благодарност до Македонците во Велика Британија и нивниот претставник Елизабета Јованова. -Со оваа донација нашите ученици ќе имаат убава сензорна соба која има важна улога во нивниот напредок-нагласува Јовановска. Елизабета Јованова Хеавер, кавадарчанка која живее и работи во Велика Британија, кажа дека донирале вкупно две илјади евра, илјада евра во училиштето и исто толку за други деца со посебни потреби. -Донациите се од Асоцијацијата на Македонците во Велика Британија. Јас сум само еден од организаторите заедно со Даниела Трајковска Чекаири и Бона Петроска. Мило ни е што можеме да помогнеме, тоа сме го правеле и досега а ќе го правиме и во иднина, нагласи Јованова Хеавер.