Планинарење:нешто повеке од спорт и предизвик
Врвот „Орле“ кој се наоѓа на планината Вишешница над Тиквешкото Езеро денеска е мета на македонските планинари.Пред час-два планинарите од цела Македонија го освоија највисокиот врв Орле висок 1.480 метри и заслужија одмор со закуска. Врвот доминира над целиот регион што го покажуваат фотографиите кој ни ги испрати планинарот Леонард Кузев.Од врвот се гледа како на дланка речиси цела Македонија.
Акцијата започна со старт од хидроцентралата „Тиквеш“, патеката во еден правец изнесува 11.5 км.Симнување трае 3.5 часа.