Кавадарци ќе биде дел од проект „Македонија во ритамот на Европа“ 2017.
Општина Кавадарци ќе биде дел од меѓународниот проект „Македонија во ритамот на Европа“ 2017. Целта на манифестацијата, во која се вклучени 20 општини од Македонија, е поттикнување, развивање, препознавање и зачувување на младите таленти, промоција на интеркултурализмот, толеранцијата, рамноправноста на половите, почитување на човековите права, различностите, соработка и доживотно учење. За таа цел денеска градоначалникот Александар Панов и директорот на проектот, Игор Карадаревиќ потпишаа меморандумот за соработка.
-За мене Кавадарци е во ритамот на Европа , и затоа кога нашите пријатели дојдоа да го изложат проектот беше веднаш прифатен.На средбата со директорите на училиштата ке бидат договорени сите посединости да да го завршиме успешно проектот ,вели Панов
Директорот Карадаревиќ рече дека со овој потпис се овозможува децата од Кавадарци да бидат видени на 10 национални телевизии во Европа и цела Македонија.
-Децата кои ќе ја претставуваат својата општина ќе имаат изведба на јазикот на земјата чии амбасадор ќе биде определен за соработка со конкретната општина. Сите вклучени во оваа манифестација бесплатно ќе ги обучуваат учениците, а сите трошоци ќе бидат покриени. На состанокот пред месец и половина со градоначалникот Александар Панов и со советничката за образование Зорка В’чкова немаше довумење, веднаш прифатија, бидејќи стануваше збор за децата од Кавадарци. Победникот на Манифестацијата за 2017 година ќе биде избран врз основа на гласовите на публиката и гласањето на жирито од општините учесници по пат на СМС пораки. Победниците ќе одат на седумдневен престој во земјата чија што амбасада ја претставувале на натпреварот.)
Истовремено тимот одговорен за проектот заеднос со директорот Карадаревиќ одржаа состанок со претставниците на основните и средните училишта од Кавадарци, на кој им го презентираа проектот, начинот на организирање на манифстацијата и слично „Македонија во ритамот на Европа“ ќе се одржи во Скопје, во јуни, а ја организира Министерството за локална самоуправа на РМ и Секретаријатот за европски прашања која е поддржана од страна на амбасадорите на Европа и на Европска Унија.