Како резултат на повеќегодишнате добри односи помеѓу Општина Кавадарци и Општина Угљевик, Основно училиште „Гоце Делчев“успеа да ја прошири својата соработка со сродни инситуции.
За прв пат минатата година претставници од ООУ„Гоце Делчев“ присуствуваа на училишната слава Св.Сава во градот Угљевик-Босна и Херцеговина..
Првичните искуства и средби биле засновани на запознавањето и размената на образовните стандарди и трендови во двете држави, размена на конкретни искуства на полето на образованието во поглед на воспитно-образовните практики, културата и традициите во двете држави.
На денот на патрониот празник на училиштето 4-ти мај во посета била делегација при што е потпишаан меморандум за соработка помеѓу основното училиште „Гоце Делчев“ од Кавадарци и основното училиште „Алекса Шантиќ“ од Угљевик .Акцентот беше ставен на примена на различните методи на работа со учениците при што се разменија воспитно-образовни активности, презентации, примери на добра пракса и иновативни техники и методи на работа.
Оваа година во соработката се вклучени и родителите на учениците, инаку членови на училишната играорна група, кои се одзваа на добиената покана за учество во приредбата по повод Денот на српскиот просветител , Св.Сава.Тринаесетте ученици од кавадаречкото училиште имаа можност да ја отворат свеченоста и да се претстават со своите таленти и вештини при што направиле промоција на македонскиот фолклор и култура.
Нивниот настап бил успешен и проследен со громогласен аплауз од сите присутни во училишниот хол.Преку размена на искуства од просветната фела и ширење на пријателски релации помеѓу учениците и вработените од двете училишта продолжува градење на мостот на пријателството, дружењето и соработката.