Ликовната изложбата е на Новица Трајковски а концертот на Оркестарот на АРМ
Вечерва со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе биде отворена изложба на познатиот македонски ликовен уметник Новица Трајковски, насловена како “Божествената љубов и виното во Кавадарци“.
Истата вечер, во 19.30, во Салата при Домот на културата ќе се одржи целовечерен концерт на Оркестарот на Армијата на Република Македонија.Изложбата и концертот се во чест на празникот “Свети Трифун“.