Денесka во простории на здружението на пензионери, се одржа советодавна група на граѓани и средба помеѓу членови на здружението на пензионери и преставници од ПС-ОН Кавадарци.
За пензионерите од Кавадарци беше организирана едукација на тема од безбедноста каде тие се целна група, a потребна е самозаштита и поголема грижа поради можни кражби и измами врз нив од непознати лица. На предавањето присутните ги поздрави командирот на ПС од ОН Кавадарци Борче Мустеников кој ја нагласи важноста на ова тема поради тоа што најранлива група која се во прашање кражбите и измамите се токму нашите највоизрасни граѓани.Предавањето продолжи со поширока елаборација и примери од праксата од страна на Инспектопрот по превенција во ПС од ОН Кавадарци Димитар Каракулев.
Денеска се одржа и спортски турнир во шах, табла и пикадо помеѓу преставници од двете институции.На најдобрите им беа доделени признанија и пригоидни награди .(Видео прилог и изјави на Димитар Каракулев, Ристо Анѓушев-претседател на ЗПК)