Вчера во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион, се одржа мини-работилница
Работилницата беше посветена на подготовката на интегрирани планови и идентификација и имплементација на приоритетни проекти на општините Лозово, Свети Николе и Росоман, кои што се селектирани за добивање на грант во рамки на проектот „Унапредување на општинското владеење“, кој е финансиран од Европската Унија, а имплементиран од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.
Целта на оваа работилница е запознавање на номинираните лица од селектираните општини со следните активности и идните чекори за подготовка и развој интегрираните планови и проектни предлози. На работилницата присуствуваа претставници од Програмата за развој на ОН – УНДП, ангажирани консултанти од страна на УНДП за задолжени за помош при имплементација на проектот, како и претставници од Центарот за развој на Вардарски плански регион.