МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

МАНИФЕСТАЦИЈАТА ДУХОВДЕН ПРАСКОБЕР ГОДИНАВА СЕПАК КЕ СЕ ОДРЖИ И ТОА СИМБОЛИЧНО од 18-20 ЈУНИ

Денеска Советот на Општина Росоман ја одржа редовната 52 седница со 3 точки на дневниот ред. Советниците прво едногласно го усвоија записникот од претходната седница а потоа исто така едногласно го усвоија и дневниот ред.

Едногласно помина и првата точка - Предлог согласноста за зголемување на бројот на деца по воспитни групи во ЈОУДГ Праскичка во Росоман. Советниците дадоа зелено светло и за втората точка - Предлог одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на центар за развој на Вардскиот плански регион.

Трета точка на дневниот ред беше предлог одлуката за одржување односно не одржување на манифестацијата Духовден Праскобер. Претседателот на комисијата појасни дека минатата година манифестацијата заради пандемијата не се одржа а годинава предлагаат тоа да биде симболично. Поконкретно манифестацијата би се одржала од 18 до 20 јуни. На 18 јуни би се пречекале делегациите од збратимените градови. 19 јуни е предвиден како спортски ден односно би се одржал турнир во мал фудбал на отворено и би се извршило симболично отклинување на првата праска. И на 20 јуни е самиот празник Духовден и би се испратиле гостинските делегации. Буџетот за оваа манифестација во висина од 150.000 денари ке го обезбеди Општинатта. Советниците и оваа точка едногласно ја прифатија.

М.В.