Мирјана Ѓорѓиева во наредните 4 години ке претседава со Советот на општина Градско
Советот на Општина Градско денеска ја одржа првата конститутивна седница. Во присуство на сите 9 советници, 5 од ВМРО ДПМНЕ и 4 од СДСМ со седницата раководеше највозрасниот меѓу новоизбраните советници Боне Спасовски. По првата точка од дневниот ред - избор на претседател и членови на комисија за верификација,мандатни прашања, избори и именувања советниците за претседател го одбраа Тоше Петревски. Откако комисијата си ја заврши работата по втората точка поднесе извештај а потоа по третата точка следуваше верификација на мандатите на сите советници по што истите дадоа и потпишаа свечена изјава.
Како последна 4 точка следуваше изборот на претседател на советот а во игра беа две имиња Цане Будимов и Мирјана Ѓорѓиева. Мнозинството советници одлучи па со 5 гласа за за претседател на советот беше избрана Мирјана Ѓорѓиева. На крај на советниците им се обрати новоизбраниот претседател како и градоначалникот Кире Нацков
М.В.