Во првото пролетно коло на 2 ФЛ Исток, ГФК Тиквеш 1930 гостува во Радовиш, каде се се среќава со ФК„Детонит Јуниор „.Тренерот Љупчо Димитковски со кого разговаравме на денешниот полесен тренинг на Градскиот стадион, очекува борбена игра на кавадаречките фудбалери и освојување на три бода во гости во Радовош.Напроно се тренираше цела зима и очекувањата се големи од целиот тим.Сега нема калкулации , секоја средба е важна, а, бодовите од нив, повеќе од потребни , бидејќи , ке бидат одлучувачки кога ке се игра за влегување во Прва Фудбалска лига.
РТК.МК разговараше за очекувањата на ова средба и пролетниот дел со ; Дарко Илиески,Роберт Митев,Петар Најдов,Александар Игески и Марио Станковски.