ТИКВЕШ ТРЕБА ДА ГОСТУВА КАЈ ГОСТИВАР А РОСОМАН КЕ ЈА ПРЕЧЕКА БЕЛАСИЦА
ФФМ ги објави двојките за 1/16 финалето од националниот куп на Македонија. Според жребот се очекуваат интересни дуели но заради разликата во квалитетот фаворитите би требало да ги оправдааат очекувањата и да се пласираат во понатамошните борби. Според двојките најинтересно треба да биде во Гостивар каде истоимената екипа го пречекува тимот на „Тиквеш“. Двете екипи се претенденти за висок пласман во второлигашка конкуренција - Гостивар на западот а „Тиквеш“ на истокот. Токму затоа оваа двојка се издвојува како еден од најнеизвесните дуели. Полуфиналистите од ланското издание. Екиопата на „Росоман“ кеигра на домашен терен но ке има силен противник бидејки ке гостува екипата на струмичка „Беласица“. Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Љум ќе ја прескокнат првата рунда, а полудиригирана жрепка ги даде следните парови:
Кит-Го - СкопјеПобеда - Македонија Ѓ.П.Љуботен - ПелистерСлога Виница - ШкупиВардар Форино - ВардарВелешта - КожуфРосоман - БеласицаОхрид - РеноваЛабуништа Тетекс - СилексКаменица Саса - БорецГостивар - ТиквешВeлазерими - Работнички
Поради пандемијата со Covid-19 годинава ова натпреварување ќе има променет формат и сè до финалето ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали. Натпреварите од првата рунда ќе се одиграат на 23. септември од 15:30 часот. Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21. октомври, а четвртфиналните пресметки на 25. ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7. април, а мечот за трофејот на 19. мај.
м.в.