МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЕЧКИОТ ВТОРОЛИГАШ ВО ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ КЕ БИДЕ БЕЗ ЛАЗАРОВ,ТРАЈКОВСКИ, ИЛИОСКИ И ГРОЗДАНОСКИ

Зимската пауза македонските фудбалски клубови ја користат да направат рекапитулари за стореното во првиот дел од првенството. Нормално тоа значи и согледување кој колку сторил и има ли слаби точки во колективите односно има ли потреба за промена во ростерите и ангажирање на соодветни засилувања. ГФК „Тиквеш“ во есенскиот дел заврши на втората позиција во ВМФЛ група исток и тоа со голем заостаток зад лидерот штипска „Брегалница“. Во финишот на есенскиот дел „Тиквеш“ остана и без тренерот Цицмиловиќ кој си поднесе оставка по серијата фудбалски неправди на сметка на кавадаречкиот второлигаш. По одигрувањето на последната средба па се до ден денешен состојбата со играчкиот ростер е следна. Андреј Лазаров и Дарко Гроздановски се вратија во матичните клубови бидејки играа во „Тиквеш“ како позајмени фудбалери. Ристе Илиоски ги засили редовите на Пелистер а Лука Трајковски премина во редовите на велешки „Борец“. Кога веќе го спомнавме „Борец“ да напоменеме дека довчерашниот тренер на велешани Пане Блажевски во пролетниот дел ке го води токму тимот на „Тиквеш“. Најава за ангажирање на нови имиња во клубот постои а добрата вест е што најдобриот поединец во есенскиот дел воедно и најдобриот стрелец, Симе Христов според последните информации блиски до клубот и напролет ке ги тресе противничките мрежи носејки го дресот на „Тиквеш“. Првата прозивка за пролетниот дел ке се случи или по божикните празници или после стара нова година а дотогаш се очекува од управата на клубот да откријат и некое ново евентуално засилување бидејки целта останува иста - пласман во првата лига а сега тоа ке мора да се изботри преку бараж натпревар односно да се задржи втората позиција на табелата.И да се надеваме дека се ке биде во ред па пролетниот дел од првенството кавадаречките фудбалери конечно ке го одиграат на својот стадион.