МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Наумчески е столб на одбраната и една од посветлите точки сезонава во составот на кавадаречкиот фудбалски прволигаш

Од управата на ГФК Тиквеш пристигна информација дека членот на нашиот прволигаш Стефан Наумчески добил повик од селекторот Драги Канатларовски да биде дел од репрезентацијата до 21 год. Поканата е само награда за Наумчески за одличните настапи сезонава иако клубот не бележи посакувани резултати. Клубот потврди дека Наумчески ќе му се приклучи на националниот тим веднаш по натпреварот од 13-то коло од ПМФЛ против екипата на Борец од Велес кој ке се одигра викендов во Кавадарци.. Да потсетиме дека репрезентацијата на Македонија до 21 година ке одигра 2 натпревари од квалификациите и тоа против соодветните селекции на Украина и Франција. Двете средби ке се одиграат во Скопје и тоа на 11 и на 16 ноември со почеток во 13:00 часот односно во 18:00 часот.

М.В.