МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани со победата во Валандово обезбедија место во четвртфиналето од футсал купот

Во отсуство на големиот домашен фудбал македонската публика засега ке мора да се задоволи со возбудувањата на оној помалиот, поконкретно со збиднувањата во футсалот. Изминатиов викенд се одиграа средбите од осмина финалето од националниот футсал куп на Македонија и беа постигнати следниве резултати. СЕЕ Јуниверсити - Форца 9-4, Овче Поле - Кеги Моби 2-6 а средбата Конзули - Велешта не се одигра бидејки Велешта се дисквалификувани па битолчани директно се пласираа во 1/4 финалето. Во четвртфиналето се пласираше и екипсата на Клими од Кавадарци која гостуваше во Валандово кај екипата на СКФ Проект. Кавадарчани иако губеа со 4-2 на крај сепак успеаја да слават со 5-6 и да се пласираат во следната фаза.

М.В.