МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Како што објави порталот ЕКИПА.МК , ФК Работнички пролетниот дел од сезоната го ангажира кавадарчанецот Ванче Шиков-интернационален фудбалер и репрезентативец.

Договорот со „романтичарите“ е за шестмесечна соработка .

„Ванче Шиков е долгогодишен репрезентативец на Македонија и неговите квалитети се несомнени. Драго ни е што успеавме да се договориме и тој во наредните шест месеци ќе го носи дресот на нашиот клуб“, изјави претседателот Драган Поповски, за официјалниот сајт на клубот.

Инаку Ванче Шиков одлучи да се врати во Македонија иако имаше понуди и од неколку клубови од Казахстан.

„Постигнавме договор со Работнички и во пролетниот дел од шампионатот ќе го носам дресот на овој клуб. Мислам дека во моментов го одбрав најдоброто решение за мене. Имав неколку понуди и од Казахстан, но не сакав повторно да ми се случи непријатна епизода како во Азербејџан. За мене најважно во овој момент е да играм стандардно и токму затоа го одбрав Работнички. Верувам дека ќе помогнам клубот да ги исполни своите зацртани цели за излез во Европа“, изјави Ванче Шиков.

Извор : Екипа.мк

фото:www.fkrabotnicki.com