МЗТ, Пелистер, Еуроникел и победникот од дуелот ТФТ - Гостивар ке разигруваат за титулата
По одиграните средби од претпоследното коло кај кошаркарите познати се три од четирите учесници во разигрувањето за титулата. Екипата на МЗТ славеше нагости кај Гостивар со 72-85 и ја обезбеди позицијата број 1 пред полуфиналните дуели без разлика на резултатот од последниот натпревар кој се игра во недела кога МЗТ ке му гостува на Пелистер. Битолчани на крајот ке бидат втори бидејки вчера загубија во Кавадарци со 94-70 па средбата со МЗТ ке биде само за меѓусебен престиж. Еуроникел со победата над Пелистер се зацврсти на третата позиција. Кавадарчани ја контролираа играта и резултатот и во третата четвртина го скршија противникот добивајки го периодот со 30-12. До крајот се беше само рутина за висока и убедлива победа. Ѓекиќ даде 16 поени Дубински 15, Калахан 13, Соколов 12 а Томиќ и Димчевски по 10. Во последното коло веке утре Еуроникел игра дома со Феникс и без разлика на резултатот кавадарчани ке бидат трети па во полуфиналето за противник ке го имаат токму битолскиот состав. МЗТ во недела ке го дознае својот протовник. ТФТ славеше нагости кај Феникс со 58-76 и се избори во последното коло на домашен терен во директна пресметка со Гостивар да одлучува за четвртиот патник во полуфиналето.
М.В.