МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

За време на фестивалот, во склоп на кампањата “Мрдни со прст”, предвидени се еколошка акција

Преку рекреативното спортување во природа и дружење ширењето на позитивните вибрации да се постигне зајакнување на вредностите помеѓу младите, толеранција, почит на различности, еколошка свесност, здрав начин на живеење, креативен активизам итн. Е целта на овој настан.Учествуваат спортски федерации и клубови на планинари , велосипедисти, алпинисти, кајакари, параглајдеристи, извидници, спелеолози и други љубители и почитувачи на природата .Сместувањето е во камп зона со шатори бесплатно како и во останатите сместувачки капацитети што ги нуди Демир Капија.

За време на фестивалот, во склоп на кампањата “Мрдни со прст”, предвидени се еколошка акција, како и реновирање на летниковецот во кампот како позитивен пример на делување.

Музичко забавната програма на фестивалот е богата со настап на повеќе музички бендови како и локални изведувачи. Исто така предвидена е презентација на “Ехо” фестивалот за промоција на планински спортови со прикажување на документарни филмови.