МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

В Денеска се одржа работна средба на Градоначаникот Митко Јанчев со Амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија Н.Е. Озлем Џанел. На состанокот се разговараше за продлабочување на соработката во областа на економијата , како и за развојот на младинскиот центар и културата. Посебен акцент беше ставен на културната размена, вклучувајќи создавање холандско катче со холандска литература и посета на Библиотеката, каде веќе постои холандско катче со литература од Холандија, кое е донација од Амбасадата. Посетата продолжи во Винскиот музеј, каде што амбасадорката беше запознаена со винската култура и туризам во Тиквешкиот регион. 620090452_1304808621668185_2933022555511121293_n

622239921_1647867733220871_291522691125166761_n 623387247_1647867866554191_8960633681233892497_n