Од 19 до 21 Мај се одржуват традиционалните спортско рекреативни активности, алпинизам, велосипедизам, планинарско пешачење и јога.Годинава голема масовност
Четврти пат во втората половина на месец Мај, во раскошната природа на Демир Капија се одржува Меѓународниот фестивал на спортови во природа. Успешната соработка на Спортскиот Клуб Клисура, Општина Демир Капија и Фондацијата Ценет со поддршка на голем број спонзори и Националниот младински совет на Македонија, како и големиот ентузијазам на младите луѓе и сите вклучени во организацијата придонесоа повторно да се реализира овој фестивал.
Локалната самоуправа на општина Демир Капија ја препознава важноста од одржувањето на ваквите манифестации за афирмација на Демир Капија, како дестинација за алтернативен туризам. Затоа како општина посветено работи на подобрување на условите со реализација на голем број инфраструктурни проекти.
Во текот на трите фестивалски денови се одржуват традиционалните спортско рекреативни активности, алпинизам, велосипедизам, планинарско пешачење и јога. Оваа година фестивалската програма е збогатена со нови активности и тоа параглајдерство, кајакарство и интерактивни активности за најмладите.На овој начин Демиркапија придонесува кон ширење на позитивна енергија, зголемување на еколошката свест и меѓусебната толеранцијата, оставајќи позитивен пример кај најмладите.