Општина Демир Капија во наредните 6 месеци ќе ги реализира активностите од проектот “Подобрување на квалитетот на живот во населените места во Oпштината
“Од граѓаните за граѓаните” започна да се реализира со потпишување на договори за работно ангажирање на четири невработени лица, кои што припаѓаат на повеќе целни групи и тоа:
• млади невработени лица до 29 години,• долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција на АВРМ),• жени припадници на помалите етнички заедници,• родители на 3 и повеќе деца.Невработените лица, ангажирани во проектот “Подобрување на квалитетот на живот во населените места во општина Демир Капија " за време на својот шест месечен ангажман ќе помагаат во воспитно-згрижувачкиот процес на над 100 деца во детската градинка “ Борис Трајковски ” во Демир Капија. Детската градинка е партнер институција на Општина Демир Капија во овој проект и преку овој проект на невработените лица ќе им се подобрат можностите за појавување на пазарот на трудот и ќе се подобри услугата на детската градинка за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.