МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

При денешната посета на спортистите од здружението на пензионери од Демир Капија од страна на претседателот на здружението Благој Кавазовски градоначалникот Лазар Петров беше запознат за одржаните 23 републички спортски натпревари кои се одржаа на 2 септември во Радовиш. Пензионерите од Демир Капија се натрпеваруваа во три дисциплини и тоа:Пикадо жени кои го освоија првото место,фудбал жени кои го освоија третото место и натпревар во играње на табла во категорија жени кои го освоија четвртото место.Исто така стана збор и за реализираните активности и идни планови на здружението. Градоначалникот им честиташе за постигнатите резултати и им посака понатамошен успех и среќни пензионерски денови.