МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во тек е одвивањето на „Неделата на традицијата Св.Трифун 2019“.

Според програмата посветена на Неделата на традицијата Свети Трифун 2019 се одржа натпреварот во закројување на винова лоза. Натпреварот траеше 20 минути, а го оценува стручната комисија во состав од агрономите: Диме Илов, Валентина Недева и Блаже Пемов. Победниците ке бидат прогласени на Едукативната трибина “Лозарството и агротуризмот” која е со цел - информирање на лозарите како да го прошират своето работење со вклучување на туризмот, како дополнителна дејност и можност за поголема заработувачка која се одржува утре, а пак наградите ќе им бидат доделени на 14 февруари Свети Трифун денот посветен на лозарите и винарите.

Стручното жири пак составено до магистер енолог Андон Крстевски, магистер енолог Нана Сукара и енолог Влатко Анчев извршија дегустација и бодување на мострите за најдобро домашно вино и ракија кои во текот на вчерашниот ден беа земени од домовите на пријавените производители на вино и ракија.Победниците ќе бидат прогласени на Едукативната трибина “Лозарството и агротуризмот” која е со цел - информирање на лозарите како да го прошират своето работење со вклучување на туризмот, како дополнителна дејност и можност за поголема заработувачка која се одржува утре, а пак наградите ќе им бидат доделени на 14 февруари Свети Трифун денот посветен на лозарите и винарите.

51679633_1079860032217716_2150230880881213440_n.jpg