На 10.02.2020 година Советот на општина Демир Капија ја одржа 29 седница на која беа разгледани и усвоени десет точки од дневниот ред. По разгледувањето на првата точка од дневниот ред беше донесена Одлука за одобрување на Програмата за организирање на манифестацијата за денот на лозарите Св.Трифун, насловена како "Недела на традицијата Св.Трифун 2020 година" Демир Капија.Со оваа одлука за реализирање на Програмата се одобруваат финансиски средства во висина од 700.000,00 денари, кои средства ќе бидат исплатени од Буџетот на општина Демир Капија, a се планирани да бидат реализирани следниве активности: Натпревар во закројување на винова лоза, Натпревар во најдобро домашно вино и ракија, Едукативна трибина за подобро запознавање на локалните лозари и винари со можностите за осовременување и проширување на нивните дејности преку програмата ИПАРД, Промоција и поетско читање на извадоци од поетска Антологија на виното и лозата од Ефтим Клетников.
На ден 14.02.2020 година со почеток од 11:00 часот ке се одржат следниве активности:
Културно уметничка програма
Старт на велосипедска тура Настап на КУД Мирка Гинова Демир Капија Настап на КУД Диванхана Скопје12:00 часот
-Церемонијално закројување на винова лоза
-Доделување на награди и признанија
13:00 часот
Настап на традиционален отсек Илиа Николовски –Луј, Скопје, Настап на Љубојна Brass Fantasy JAZZ, BLUES, FUNK, ROCK со ФМУ "Гоце Делчев" Штип11:00-16:00 часот
Презентација и продажба со хуманитарен карактер на домашно приготвена храна од организацијата Вешта Жена
11:00-18:00 часот
Базар на вино, ракотворби и традиционални производи.
Потоа се премина на втората точка од дневниот ред на која беше донесена одлука за измена на одлуката за утврдување стандарди за поставување времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Демир Капија.Во Одлуката за утврдување стандарди за поставување времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Демир Капија бр.08-452/4 од 01.07.2017 година ("Службен гласник на Општина Демир Капија" бр.6/2017), член 25 став (2) се менува и гласи:
"За период од октомври до март за покриените и отворените тераси и шанкови е дозволена лесно монтажна транспарентна преграда заради заштита од атмосферски влијанија".
Во се друго Одлуката за утврдување стандарди за поставување времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Демир Капија бр.08-452/4 од 01.07.2017 година останува непроменета и важечка.
Третата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена и се донесе Одлука за измена и дополнување на одлуката за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2020 година. Во Одлуката за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2020 година бр.08-1118/6 од 30.12.2019 година ("Службен гласник на Општина Демир Капија" бр.12/2019), член 1 се менува и гласи:Вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2020 година изнесува 81,6 денари".
По разгледувањето на четвртата точка од дневниот ред беше донесена Одлука за траен отпис на побарувања од евиденцијата во Општина Демир Капија. Со оваа одлука, согласно евиденцијата од регистарот на базата на податоци во даночните обврски на општина Демир Капија, се врши траен отпис на побарувања од даночни обврзници по основ на:
- данок на имот од правни лица во вкупна вредност од 339,00 денари и
- данок на имот од физички лица во вкупна вредност од 900,00 денари.
Со оваа Одлука, согласно евиденцијата од регистарот на базата на податоци во општина Демир Капија, се врши траен отпис на побарувања по основ на:
комунална такса за фирма во вкупна вредност од 500,00 денари. комунална такса за користење на плоштад и друг простор во вкупна вредност од 600,00 денари.Отписот на побарувања од член 1 и 2 утврдени по спецификација која е составен дел на оваа Одлука, се врши поради престанок и бришење од трговскиот регистар на правните субјекти – обврзници.
Потоа се премина на петата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за отпис на застарени обврски во Буџетот на Општина Демир Капија. Со оваа одлука се врши отпис на застарени обврски кои Општина Демир Капија ги имала спрема други правни лица и се евидентирани во Буџетот на Општина Демир Капија.Се врши отпис на застарени обврски во вкупен износ од 3.784.355,00 денари утврдени по спецификација, која е составен дел на оваа одлука.Отписот на застарените обврски се врши согласно Извештајот за извршениот попис на паричните средства, побарувањата и обврските во Буџетот на Општина Демир Капија, изготвен од Комисијата за вршење на попис на целокупните парични средства, побарувања и обврски за 2019 година формирана од Градоначалникот. Донесувањето на оваа Одлука ќе значи право на отпишување на паричните обврски евидентирани во Буџетот на Општина Демир Капија и истата ќе ја спроведе Секторот за финансиски прашања.
По разгледувањето на шестата точка од дневниот беше усвоена Програмата за работа на Советот на Општина Демир Капија за 2020 година.Потоа се премина на седмата точка на која беше усвоена Програмата за еднакви можности на Општина Демир Капија за 2020 година.Осмата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Годишен план на седници и активности на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите за 2020 година.Потоа се премина на деветата точка од дневниот ред на која беше донесен заклучок за усвојување на Извештајот за работата и постигнатите резултати во првото полугодие од учебната 2019/2020 година на ООУ Димче А. Габерот Демир Капија предложен од училишниот одбор на училиштето.Седницата заврши со разгледување и одобрување на барања од физички и правни лица.