МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Демир Капија реализираше работилница предвидена во проектот EU CAN – “European Counter and Alternative Narratives Network”, преку програмата Европа за граѓаните.

Работилницата се спроведе во соработка со О.О.У. “Димче Ангелов Габерот” од Демир Капија, потoчно со групи на ученици од деветто и осмо одделение. На учесниците во работилницата преку нивното активно учеството во две вежби им се овозможи да ги осознаат придобивките за заедницата од почитувањето на правилата. Исто така учесниците ја увидоа важноста и значењето на тимската работа, меѓутоа воочија колку е важно да се поседуваат лидерски вештини. Учесниците преку овие вежби имаа можност да почнат да ги развиваат сопствените вештини кои ќе им овозможат да се заштитат од негативни влијанија, затоа што во наредната училишна година, продолжувајќи го образованието во поголеми места од Демир Капија ќе се соочат со нови, за нив, ситуации и влијанија.