МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 20 мај 2019 година Советот на Општина Демир Капија ја одржа дваесетта седница на која беа разгледани и усвоени десет точки од дневниот ред.

По разгледувањето и усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на пазарната вредност на градежно земјиште на подрачјето на Општина Демир Капија за 2019 година со која во случај на купопродажната вредност на имотот во договорот за купопродажба е повисока од утврдената пазарна вредност според Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот, во тој случај како даночна основица се зема постигнатата цена од договорот за купопродажба. Втората точка од дневниот ред исто така по разгледувањето беше усвоена , а се однесуваше на Програмата за остварување на социјалната заштита во Општина Демир Капија за 2019 година во која се применети определбите на локалната самоуправа со која се имплементираат стратешките приоритети на Општината за тековната година , односно буџетот на општина Демир Капија, но и мерките утврдени со политиката и документите на национално ниво.Програмата предвидува соработка со надлежниот центар за социјална работа односно со министерството за труд и социјална политика, Министерството за здраство и сите други министерства со кои ќе биде потребно да се соработува, приватниот сектор и невладините организации.Потоа се премина на третата точка од дневниот ред на која беше усвоена Програмата за заштита и благосостојба на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственик за 2019 година која ги вклучува следните општи мерки: Собирање на бездомни кучиња, односно нерегестрирани кучиња затекнати на јавни површини без присуство на сопственик и привремено сместување во прифатилиште, заловување на бездомни кучиња, третман на заловување на бездомни кучиња ( кастрација, здраствено третирање, социјализација, обележување со микрочип, враќање во реонот од каде што е земено) и контрола на популацијата на бездомни кучиња. По разгледувањето на четвртата точка од дневниот ред беше донесено Решение за давање Согласност на Статутарна Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавната општинска установа за деца Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија. Петата точка од дневниот ред исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на Јавната општинска установа за деца Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија.Потоа се премина на шестата точка од дневниот ред на која беше донесено Решение за одобрување на финансиски средства на Здружение Спортски клуб КЛИСУРА Демир Капија за INTERNATIONAL OUTDOOR FESTIVAL – DEMIR KAPIJA за 2019 година во износ од 30.000,00 денари.По разгледувањето на седмата точка беше донесено решение за одобрување на финансиски средства на Црковен одбор с.Клисура во висина од 30.000,00 денари како финансиско учество на општината по повод организирањето на верскиот празник Св. Никола во село Клисура.Осмата точка по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување Решение за одобрување на финансиски средства на Месна заедница с.Корешница за организирање на културно спортската манифестација од отворен тип, Традиционален турнир во мал фудбал Свети Спас Корешница за 2019 година во висина од 30.000,00 денари. Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица и советнички прашања.

п.п.

60719939_2397853020446429_4917222196499185664_n.jpg