МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По пауза од 17 години, настанот го организира возобновениот Кајакарски кану клуб „Просек” Демир Капија, во соработка со општината Демир Капија и Кајакарската Федерација.

Учествуваа педесетина учесници од повеќе клубови од земјава и еден клуб од Србија. Се натпреваруваат во пионерска, јуниорска и сениорска конкуренција. Најмладиот натпреварувач има 10, а највозрасниот 69 години. Натпреварот се одржа во најдобар ред, а најдобрите добија пехари, медали и подароци од спонзорите на првенството. Задоволство од враќањето на традицијата со цел промовирање на демиркаписките природни богатства, како реката Вардар, но и спортот како здрав начин на живот, изрази и градоначалникот Лазар Петров. Тој потсети дека Демир Капија отсекогаш имала кајакарски потенцијал, а кајакарството како љубов се пренесува од генерации на генерации.

69081528_545848499491360_4962238895484829696_n.jpg69308677_722344638202405_2649977087712034816_n.jpg69468910_2191615127632915_2097679099861401600_n.jpg