МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од 9 Октомври до 14 Октомври, градоначалникот на Општина Демир Капија Трајче Димитриев, претседателот на Совет на Општина Демир Капија, вработени во општината и претставници од Фондација ЦЕНЕТ присуствуваа на настаните од проектот “ Соработка помеѓу пет мали градови” во Република Малта. Проектот се реализираше под програмата „Европа за граѓаните“ и неговата цел е креирање на соработка во повеќе области на делувањето на локалната самоуправа. Соработката и размената на добри практики се оствари помеѓу општините Шајра од Малта, Алшонемеди од Унгарија, Пелплин од Полска, Колерторто од Италија и Демир Капија од Македонија. За време на посета се одржаа повеќе семинари и работилници на кои беа разгледувани темите за:

- Предизвиците на локалната самоуправа на малите градови во областа на урбаниот одржлив разво,Регионалните диспаритети , Европската платформа за здрав живот кај населението и активното стареење, БРЕГЗИТ- влијанието од британското напуштање на Европската Унија, Зацврстување на соработката помеѓу општините и невладините организации за понатамошно аплицирање на заеднички проекти пред Европските фондови.

За време на оваа посета преставниците на општините беа примени од претседателката на Република Малта г-ѓа Мари Луиз Колеиро.