МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Домот на културата Мирка Гинова од Демир Капија и членовите на куд Мирка Гинова од Демир Капија, јавно му се заблагодаруваат на Брајс Нолаф - волонтер во Мировен Корпус за успешно реализиран проект за Фолклорот. Целта беше да им се помогне на ова културно уметничко друштво кое е доста активно со настапи во нашата земја и во странство.Со проектот - Подобрување на млади фолклорни можности преку инеркултурна едукација се купи платно од кое се сошија: женски кошули,машки кошули , машки пантолони се купија опинци, видео проектор и платно за проектор.Со овој проект им се овозможува на младите фолклористи ,подобри можности при настапите да блеснат во полн сјај.Очекуваме одлични настапи низ Републиката и надвор од неа.Ти благодариме:Брајс за трудот и упорноста што го вложи за овој проект. Направи добро дело за Домот на културата и за Демир Капија .

(П.П.)

87739341_494181458124114_7588357620256210944_o