СЕДНИЦА НА СОВЕТ ВО Д.КАПИЈА На 05.август годинава преку интернет платформата „ Zoom“ заради безбедносни причини од корона вирусот Советот на општина Демир Капија ја одржа 44 седница . Беа разгледани и усвоени 5 точки од дневниот ред. По разгледувањето на првата точка од дневниот ред беше усвоено Предлог-Решението за давање согласност на Годишен план за вработување во 2022 година во општинската администрација на општина Демир Капија, изготвен врз основа на Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот на реализација на годишниот план за вработување.Потоа се премина на втората точка од дневниот ред на која беше донесен заклучок за усвојување на Извештај-Елаборат за процена на штета од временска непогода-ниски температури што ја зафати Општина Демир Капија во периодот Март-Април 2021 година. Се задолжува Комисијата за процена на штети предизвикани од елементарна непогода-ниски температури да го достави усвоениот извештај за утврдената штета до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи при Владата на РСМ.Третата точка од дневниот ред се однесуваше на Разгледување на барање од Спортски клуб Клисура бр.08-549/1 од 03.08.2021 година.Беше донесена одлука за доделување на 30.000 денари на Спортски клуб Клисура за одржување на 12 фестивал за спортско качување кој ќе се одржи во текот на месец септември.По разгледувањето на четвртата точка од дневниот ред беше донесена одлука за доделување на 150.000 денари на Спортски клуб Клисура за одржување на турнирот во мал фудбал Света Богородица кој ќе се одржи од 10 до 27 август. Седницата заврши со советнички прашања на кои одговор даде Лазар Петров Градоначалник на Општина Демир Капија.
п.п.