МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Демир Капија по шести пат реализира проект во рамките на програмата Општинско корисна работа, која што е поддржана од Агенција за вработување, Програмата за развој на Обединетите нации и Општина Демир Капија. Со спроведување на проектот со “Подобрување на раниот детски развој и квалитетот на живот во општина Демир Капија III” ќе се овозможи подобро функционирање на клоновите на Ј.О.У.Д.Г. Борис Трајковски во селата Корешница и Бистренци, кој што се очекува во најскоро време да започне со работа. Тимот на Ј.О.У.Д.Г. Борис Трајковски со реализирање на двете социјални услуги, кои што имаат директно влијание врз локалната социо – економска ситуација во општината, ќе биде зајакнат со четири негователи во детска градинка и двајца фасилитатори за поддршка и координација на социјалната услуга народна кујна. Во детската градинка Ј.О.У.Д.Г. Борис Трајковски се згрижуваат 100 деца од предучилишна возраст и се обезбедува социјална услуга топол оброк во рамки на националниот проект Национална Кујна за лица корисници на социјална помош од градот Демир Капија. Меѓутоа планирано е со овој проект да се опфатат и корисниците на социјална помош и од населени места во општина Демир Капија, со што бројката ќе се зголеми до 15 лица и на овој начин ќе се овозможи подобрување на квалитетот на животниот стандард на оваа социјално ранлива категорија на лица. Исто така со работен ангажман на кандидатите во згрижувањето и воспитувањето на децата од предучилишна возраст во детската градинка Ј.О.У.Д. Г. Борис Трајковски директно се влијае на подобрувањето на локалниот економски развој на општината и подобрување на социо економската состојба на локалното население, затоа што се овозможува непречено извршување на работните обврски на родителите на децата од предучилишна возраст. Преку работното ангажирање шестте невработените лица ќе имаат можност да се стекнат со вештини и работно искуство и тоа како четри негователи во детска градинка и двајца фасилитатори за поддршка и координација на социјалната услуга народна кујна, со што во иднина ќе можат полесно да се вклучат во пазарот на трудот.