МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во општина Демир Капија од поодамна жителите со палење на огнови и со бројни активности и манифестации ја прославуваат Стара Нова година.

Од пред шест години стана традиција Стара Нова година да ја прославуваат и пензионерите организирани од Здружението на пензионерите од Демир Капија.Со оваа активност Здружението ја започна реализацијата на годинашнава програма со која е планирано организирање на екскурзии во нашава земја, одбележување на државни и верски празници,учество на организирани спортски игри,на културно – забавната манифестација пензионерите пеат и на организираниот пикник на зелено. На организираната прослава на Стара Нова година што се одржа во кафе ресторанот „Кучкин“ во Демир Капија присутните ги поздрави претседателот на здружението на пензионерите Благој Кавазов,. На оваа пензионерска прослава како резултат на добрата соработка со локалната самоуправа од Демир Капија присуствуваа градоначалникот Трајче Димитриев и претседавачот на советот Петар Мојсов.Градоначалникот на пензионерите кои другаруваа на организираната прослава им ја честита Стара Нова година, посакувајки им здравје,весело расположение и длабока старост.Прославата започна со песни и ора од познат музички оркестар, а по традиција се поделија мали лепчиња со паричка.Паричката се падна кај Тодора Гарева која идната година ќе биде кум на оваа организирана прослава. По овој обичај пензионерите продолжија со веселба и со заеднички ручек.