МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На ден 22.08.2022 година советот на Општина Демир Капија ја одржа 12 седница на која беа разгледани и усвоени девет точки од дневниот ред. По усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше донесена одлука за редуцирање на јавното осветлување на територијата на Општина Демир Капија. Постоечката електрична инфраструктура во град Демир Капија и населените места од Општината со донесувањето на оваа одлука ќе се исклучува во периодот од 00:00 часот по полноќ.Оваа мерка ќе се спроведува до 31.12.2022 година. По разгледувањето на втората точка од дневниот ред беше усвоен Правилникот за условите, критериумите и начинот за доделување на општински стипендии на ученици и студенти во Општина Демир Капија. Со овој правилник се утврдуваат, условите, критериумите, видот и бројот на стипендиите, условите на јавниот конкурс, пријавувањето, начинот на доделување стипендии, правата и обврските на примателите на стипендиите како и други прашања кои се однесуваат на начинот на доделување на стипендиите на ученици и студенти од Општина Демир Капија, од страна на Општина Демир Капија. Средсвата за овој вид реализација на овој вид стипендии се планираат во Буџетот на Општина Демир Капија на годишно ниво по претходно направена процена. Третата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на давање согласност на Годишен план за вработување во 2023 година на Општина Демир Капија изготвен врз основа на Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување. Годишниот план за вработување во 2023 година се доставува на мислење до Министерството за информатичко општество и администрација. По разгледувањето на четвртата точка од дневниот ред беше усвоено Решението за давање согласност на Годишен план за вработување во 2023 година на ЈОУДГ "Борис Трајковски" Демир Капија изготвен врз основа на Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување. Директорот на ЈОУДГ "Борис Трајковски" Демир Капија е должен по донесувањето на планот да го достави на мислење до надлежното министерство, во согласност со закон. Потоа се премина на петата точка од дневниот ред на која беше усвоено Решението за давање согласност на Годишен план за вработување во 2023 година на Јавно претпријатие за комунални работи "БОШАВА" Демир Капија изготвен врз основа на Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување. Директорот на ЈКП Бошава Демир Капија е должен по донесувањето на планот да го достави на мислење до Министерството за информатичко општество и администрација. Шестата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Решението за давање согласност на Годишен план за вработување во 2023 година на ОУ Дом на култура Мирка Гинова Демир Капија изготвен врз основа на Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување. Директорот на ОУ Дом на култура Мирка Гинова Демир Капија е должен по донесувањето на планот да го достави на мислење до Министерството за информатичко општество и администрација. Потоа се премина на седмата точка од дневниот ред на која беше донесена одлука за потреба за определување на граници на заштитни зони околу бунарите за водоснабдување на Демир Капија (ЕБ-1 и ЕБ-2).Границите на заштитните зони околу бунарите за водоснабдување на Демир Капија се одредени со Елаборат од страна на градежен институт Македонија АД Скопје и ЈЗУ Институт за јавно здравја на Р.С.Македонија-Скопје. Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица и советнички прашања. 300978080_136432875755834_8359914537460748844_n 301235558_136432869089168_4757866141514562419_n п.п.