МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Одржана 13 седница на Совет на Општина Демир Капија На ден 30.09.2022 година Советот на Општина Демир Капија ја одржа тринаесетата по ред редовна седница на која беа разгледани и усвоени десет точки од дневниот ред.По разгледувањето и усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за Измена на детален урбанистички план за дел од ДУП "Попова Кула" КО Демир Капија, Општина Демир Капија.плански период 2020-2025, со површина од 6,58 хектара , изработен од АРХИКОНС ДООЕЛ Кавадарци согласно со правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови. Втората точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Одлука за давање на трајно користење на недвижна ствар – деловен простор. Со оваа одлука на Министерството за правда – Управа за водење на матични книги Скопје за работа на подрачната канцеларија Демир Капија се дава на трајно користење без надомест, недвижна ствар – деловен простор кој се наоѓа во Демир Капија на улица 11 октомври, зграда 1, намена на зграда Б4-6, влез 1, приземје со површина од 76 метри квадратни. Седницата продолжи со разгледувањето на третата точка на која беше донесена Одлука за прифаќање на донација – опрема за детски парк од Државна Видеолотарија на Република Македонија-Касинос Аустрија ДОО Скопје. Предмет на донацијата ќе биде опрема за детски парк (детски реквизити, гумена подлога и метална ограда). По разгледувањето на четвртата точка од дневниот ред беше усвоено решението за формирање Комисија за доделување награди и признанија во состав од: Зоран Стојанов-претседател и членови Панче Лазаров, Елизабета Петрова, Ефкан Усинов и Андон Крстевски. Потоа се премина на петата точка од дневниот ред на која беше усвоено Решението за давање согласност за формирање на групи со поголем број на деца во ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ – Демир Капија во учебната 2022/2023 година. Шестата точка од дневниот ред по разгледувањето беше усвоена, а се однесуваше на донесување Решение за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ "Димче А.Габерот" Демир Капија во учебната 2022/2023 година. Седмата точка исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Заклучок на Годишен извештај за работата и постигнатите резултати на ООУ "Димче А.Габерот" Демир Капија во учебната 2021/2022 година, усвоен од училишниот одбор на училиштето на седницата одржана на ден 24.08.2022 година. По разгледувањето на осмата точка беше усвоена Годишната програма за работа на ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија за учебната 2022/2023 година,предложена од управниот одбор на установата.Потоа се премина на деветата точка на која беше усвоен Годишниот извештај за работа на ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија за 2021/2022 година, предложен од Управниот одбор на установата на седницата одржана на ден 07.09.2022 година. Седницата заврши со Разгледување на барања од физички и правни лица. 310275381_144414351631887_5802302934602405721_n