МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Демир Капија во организација на ОЖ „Женско Лоби“-Демир Капија, беше реализирана едукативна работилница на тема „Ефективни механизми за локално граѓанско учество“. На работилницата, која се спроведе во рамките на проектот „Активни рурални жени, силни заедници“, учествуваа 25 жени од девет села кои се наоѓаат на територијата на општините Демир Капија, Росоман и Градско. Присутните имаа можност да се запознаат со законските можности и формите на граѓанско учество на жените во креирањето на локалните политики. Преку практични вежби жените ги дефинираа приоритетните проекти кои треба да се реализираат во насока на подобрување на условите за живот во нивното место на живеење и добија насоки на кој начин можат сопствените предлози и решенија да ги формулираат во конкретни барања кои во иднина ќе бидат доставени до локалната самоуправа. На работилницата како гостин беше присутен и градоначалникот на општина Демир Капија, г-н Лазар Петров, кој ја поздрави иницијативата и истакна дека граѓанското учество во креирањето на локалните политики е од особена важност за подобрувањето на работата на локалната самоуправа и сите предлози и идеи се добредојдени. Проектот „Активни рурални жени, силни заедници“ се имплементира со финансиска поддршка од страна на Екуменска Иницијатива на жени од Р.Хрватска и негова основна цел е да се зголеми граѓанското учество на жените од руралните средини во креирањето на локалните политики, да се зајакнат нивните капацитети и да се поттикнат на активизам во процесот на актуелизирање и решавање на нивните проблеми.

П.П.

215339397_2910608972512604_1148129387888464246_n 215479612_2910608922512609_2692637570603564171_n 212829386_2910608869179281_5553160358178690682_n