МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Едно од најинтересните случувања во деновите на традицијата посветени на Свети Трифун е натпреварот за избор на најдобро домашно вино и ракија.

И овој натпревар станува своевидна традиција која годинава се одржува по седми пат. Стручното жири од професоналните енолози во состав : Андон Крстевски од винарија Стоби, Борис Нечев од винарија Бовин и Елена Богева од винарија Гама по извршената дегустација и бодување на мострите ги прогласи победниците во двете категории.Во категорија вина: првото место го освои Христијан Петровски, второ место Лазар Јанакиев и трето место Мартин Стојанов.Во категорија ракија: првото место го освои Блажо Петров, второ место Петар Стојковиќ и трето место Димитар Симитчиев.