МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На најдобрите крвoдарители на свечена средба, синоќа им беа доделени благодарници,награди и признанија

Општинската организација на Црвен крст Кавадарци е меѓу 10-те најдобри организации во Македонија, нагласи претседателот Димитар Каракулев на вчерашното одбележување по повод денешниот ден на Црвениот крст на Македонија, 17-ти март. Признанија и пригодни подароци им беа доделени на најуспешните крводарители од овој град.

Според годишниот план за работа планирано беше да се реализираат 1180 крвни единици, а бројката е натфрлена за 536 единици, односно вкупно биле собрани 1716 крвни единици за 2016 година. Планираното од областа на крводарителството е оставерн со 144 %. Денот на Црвениот крст на сите крводарители им го честиташе и претседателката на Советот на општина Кавадарци, Горица Пеливанова-Вилхелм

На свечената седница беа наградени 40-тина крводарители кои што во минатата календарска година дарувале крв 4 пати, а беа наградени и крводарители кои својта животна течност ја дарувале 50 и 75 пати.

(Видео обраќања на Димитар Каракулев-претседател на ОО на Црвен Крст и Горица Пеливанова-Вилхелм-Претседател на Совет н Општина Кавадарци)