СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА НА ОСНОВЕН СУД КАВАДАРЦИ

„На ден 20.03.2020 година по Предлог за издавање на казнен налог од Основното Јавно обвинителство во Кавадарци КО бр.147/20 од 20.03.2020 година, Основниот суд Кавадарци прифаќајќи го предлогот за издавање на казнен налог, донесе Пресуда за сторено кривично дело ,,Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија,, по чл.206 ст 1 вв чл.45 од КЗ и обвинетиот го осуди на парична казна во износ од 100 дневни глоби од по 45 евра за 1 ден глоба, или вкупно 4.500 евра, во денарска противвредност од вкупно 276.750 денари.

Судот го прифати казнениот налог и предложената парична казна бидејќи обвинетиот е здравствен работник, што како околност, судот ваквата состојба ја смета за исклучително тешка и особено штетна за угледот и интегритетот на здравствените работници, особено што во овие околности на живеење се испраќа негативна порака од оние кои треба да го унапредат системот на превенција и заштита и од истите не се очекува со своето однесување да не ги почитуваат прописите за превенција на штитење од корона вирусот Ковид -19“- се вели во соопштението до јавноста.