МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НВО од Кавадрци од денеска на располагање имаат 4 нови киматизирани простории со инфраструктура,компјутери,принтери бироа,и друг мебел и неопходни елементи .

За реализација на овој проект партиципираа:Министертсвото за локална самоуправа, Вардарски плански регион и Општина Кавадарци.Проектот е вреден над 85 илјади евра

Се работи за целосно уредување на дворот на поранешниот Младински дом, неколку децении главно собиралиште за забава на младите на Кавадарци,подоцна запуштено и претворено во руина, за последниве години Локалната самоуправа со сегашната власт се ангажира и го облагороди просторот со корисни содржини значајни за градот.Во претходните години овде е изграден и веке е во функција Музејот на вкусови, а еве од денес станува место за работа на невладиниот сектор во новите простории на НВО Центарот.Остана уште еден неискористен дел од дворот кој има перспоектива и можност за урбанизација во некои идни времиња.

320oo33333333_._JPG.jpg

НВО Центарот е дамнешна желба на овие органзицаиии при што свое место ке најдат инвалидните Здруженија , посебно лицата со попречености, организации на жени, Еколошкото друштво „Еко живот“ , и други.Ова е крупен чекор напред, кој пак овозможува на сегашните простории се надгради уште ден кат и така трајно да се решат просторните потреби на невладините организации и здруженија.

(Видео изјави на :Славка Тотова-секретар на Здруженија на инвалидни лица,Александар Панов-градоначалник,Марко Колев-директор на Вардарски плански регион, Тодор Ефремов-Локален економски развој,Михајло Михајлов-претседател на лица со телесен инвалидитет„Мобилност“,Роберто Паризов –претседетел на ЕД„Еко Живот“)