Фурнаџиите на Кавадарци
Во Кавадарци во минатото постоеле многу фурни,каде се печел леб, а истовремено се вршеле и услуги за печење на однапред месен :баник, леб,погача, и други тестенини, но и друга храна.
Ова фотографија е направена во фурната на фурнаџијата Вано Попов-Кашата, со својот калфа и децата од Поп Доновото маало 1959 година. На фотографијата можат да се видат неколку тави и тепсии со погачи, кои чекаат на ред да да бидат испечени.
oд фототеката на Музеј галеријата Кавадарци
Една од најстарите била и фурната на Фурци во близина на јаворот кај реката каде се правеле и печеле , меѓу другото и надалеку прочуените ѓевреци.
www.rtk.mk од утре на својот портал ке ја прикаже емисијата посветена на фурната на Фурци,стара околу 100-тина години.