Повеке грижа за лицата со социјален ризик

Денеска во Хотел Уни Палас 1 се одржа Панел дискусија на тема ;„Секој може и има право да биде вработен“, на која претставници на Центарот за социјална работа, Центарот за вработување и невладиниот сектор расправаат за „зголемување на активацијата на лицата под ризик од социјална исклученост на пазарот на труд преку подобрување на нивните вештини, образование, квалификации и олеснување на целосната интеграција во општеството и пазарот на труд“. Партнер на проектот е и Министерството за труд и социјална работа.

Предавања одржаа:Павлинка Волкановска-Атанасовска од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Неготино,Јасминка Лебовска –АВРМ-Центар за вработување Неготино,Благој Гелевски-Здружение за економски –политички истражувања и анализи Квантум Прима-Кавадарци.

Еве што за денешната средба изјави Наташа Павичевиќ-Стојменовска- од Институтот за економски истражувања и политики Скопје:

(Видео изјава)