МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Изложбата претставува ретроспектива на нејзиното целокупно творештво

Во пресрет на Денот на пензионерите ,денеска во Домот на Културата во организација на Градоначалникот , Совет на Општина Кавадарци во соработка со Здружение на пензионери -Кавадарци , во присуство на многу граѓани,пензионери,претседателката на Советрот на општина Кавадарци Горица Пеливанова Вилхелм ,беше отворена ликовна изложба на големиот кавадаречки педагог и ликовен уметник, активистк а во Здружението на пензионери, неуморната Ружица Јосифовска.

11249555_1039144932796292_4048025686015038614_n.jpg

За Јосифовска говореше нејзиониот колега Ликовниот уметник и директор на Домот на Културата Владимир Темков, кој подвлече дека ова наша сограѓанка , е во дилема како повеке да ја најави како педагог или уметник, таа е и двете, и затоа е успешно ги работи цел живот.Таа сеуште активно твори, но зад неа остави значајни дела во ликовната култура кај нас.Виолета Андова-претсдеателка на Собранието на пензионери говореше за животниот пат на Ружица Јосифовска, а вечерта со пријатни ноти ја збогатија ученици од Музичкото училиште од Кавадарци.

Славеничката Јосифовска не го криеше задоволството од посетеноста и интересот за нејзиониот ,,Опус на слики,,- нагласи дека ке твори се додека може.Впрочем таа поинаку и не може.Голем број од нејзините во семејството се познати уметнички имиња.

Ружица Јосифовска како ликовен уметник има организирано десеттина самостојни , како и петнаесеттина групни изложби, а нејзините слики ги красат амбиентите во нашата , но и во повеќе европски земји.

Изложбата претставува ретроспектива на нејзиното целокупно творештво, со теми и жанрови од мртва природа , пејсажи , слики на светци и манастири , па се до народни обичаи итн.

М.Димитров