Во Здравствениот дом Кавадарци и во Општа болница денеска беше одбележан Светскиот ден на здравјето-7 Април.
Слоганот на годинешнава кампањата е "Депресија, ајде да зборуваме". Инаку овие две здравствени установи заедно со своите служби се камен темелник за примарната здравствена заштита на заедницата.
Депресијата, се смета за втора водечка причина за смрт кај младите од 15 до 29 годишна возраст. Слоганот на кампањата е "Депресија, ајде да зборуваме", истакна директорот на ЈЗУ Општа Болница Кавадарци Орцо Ангеловски.
И во Здравствен дом денеска беше одбележан светскиот ден на здравјето. Директорот Никола Трендафилов информираше за новите инвестиции во оваа установа и набавеното ново амбулантно возило. Со него, рече, дополнително ке се зголеми капацитетот на итната медицинска помош, за навремено да делува и интервенира при повиците на бројот 194 и при вршењето на други услуги, транспорти до општата болница и слично.
Изјави (Орцо Ангеловски – директор на ЈЗУ Општа болница Кавадарци и Никола Трендафилов – директор на ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци )