МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Петиција за признавање на македонската возачка дозвола.

Македонците кои живеат и работат во Германија за таа цел отворија интернет-петиција, за која е потребно да се соберат 50 илјади потписи за да биде успешна.

– Сметаме дека е непотребно да се бара од лицата кои што веќе имаат шест месеци искуство со управување моторни возила во Германија и кои поседуваат валидни македонски возачки дозволи, повторно да го преполагаат возачкиот испит во Германија. Нужноста да македонските возачи за повторно полагање на возачкиот испит е додатен финансиски како и временски трошок, но пред се, пречка во извршување на работните и секојдневните обврски поврзани со транспортот – соопштуваат иницијаторите на петицијата. Петицијата е отворена на 7 април, а ќе може да се потипишува до 4 мај. Врз основа на Виенската конвенција за патен сообраќај од 1968 година, меѓусебно признавање на возачките дозволи (Б категорија) со Македонија е склучено со земјите-членки на Европската унија, Бугарија, Хрватска, Романија, Унгарија, Словенија, Белгија и Австрија.

Во прилог видео со објаснување како да се најавите и извршите потпишување на петицијата, како и линк од веб сајтот каде се одвива петицијата.

Линк за потпишување на петиција

Видео со објаснување за потполнување на петицијата