Општина Кавадарци во изминатиот период започна со активности за чистење на депонијата Мелци. Односно, по цели 40 години, сега активно се работи на рамнење на површината и овозможување подобар пристап до депонијата. Интензивно се работи со три болдужери, два се на ЈП Комуналец а еден е даден на користење како донација од Градба промет. Со овие активности би се овозможил подобар и побезбеден пристап до самата депонија а најважно од се е тоа што ќе се намали можноста од избувнување на пожар во летниот период а со тоа ќе се намали и можноста од загадување на воздухот.
извор : Кабинет на градоначалник Митко Јанчев
https://www.facebook.com/MitkoJanchev/videos/2963888140603004