Тимот на компанијата Слога Пром од Кавадарци е победник на хуманитарниот турнир во мал фудбал кој под мотото „Заедно можеме повеќе!“, а во организација на Дрекслмајер Македонија се оддржа денес во спортската сала „Јасмин“.
Победничкиот поход екипата на Слога Пром го најави со победата над Алијанс Уан, а ја продолжи со полуфиналниот триумф над Дрекслмајер, за во финалето да слави голема победа над Фени Индустри од 4-1.Надвор од резултатскиот дел во кој големо учество имаа и припадничките од понежниот пол кои заедно со своите колеги заедно играа фудбал, турнирот донесе многу забава, награди, но и хуманост. Парите од продадените наградни тикети заедно со донации од компаниите ќе бидат донирани на Специјалниот завод за лица со посебни потреби „Демир Капија“ кои го проследија турнирот, а дополнително настанот го одбележа и гестот на младиот Трајче Попов кој ја покажа својата големина, донирајќи ја својата награда, лед телевизор, на штитениците од Специјалниот завод.За потсетување, на турнирот кој според најавите ќе стане традиционален, учество зедоа екипите на ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија, ДОО Кожувчанка Кавадарци, Фени Индустри МВР Кавадарци, Алајанс Уан Македонија, Екстра, Градба Промет и Слога Пром, а натпреварите ги проследија околу 500 кавадарчани.