МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци деновиве ги спроведува градежните работи за подготовка за асфалтирање на ул. „Даме Груев“. Општината преку комунален проект финансиран од буџетот врши целосна реконструкција на улицата и тоа на потегот од спојот со ул.„Вишешница“ до спојот со ул. „22 Декември“ во вкупна должина од 150 метри. Во оваа фаза се работи на подготовка на подлогата со тампонирање. Претходно Општина Кавадарци преку ЈП „Комуналец“ реализираше проект за целосна реконструкција на подземната инфраструктура на линиите за водовод, како за фекална и атмосферска канализација. Овде се поставија нови линии, при што старите и дотраени бетонски се заменија со пластични коругирани цевки со профил 315. Комуналец изврши заменa и на вововодната линија каде наместо старите азбест-цементни цевки, се постави пластично црево со профил 110. Во завршната фаза ќе се изврши асфалтирање на улицата.

122955212_2882551455302230_9023068459237073875_n 122989058_2882551431968899_5607643144633613876_n